Хера Турс е основано како друштво за превоз на патници и веќе 25 години навремено и доследно ги извршува своите обврски, преку својата професионална работа со висококвалитетни стандарди. На располагање ви стоиме со сопствени автобуси, минибуси и теренски возила до сите дестинации. Вo 2016 година ние ги прошируваме нашите услуги регистрирајќи се како Туристичка агенција со ,,А” лиценца бр. 13-7945/2-15, а тоа значи збогатување на нашата понуда.

Наша цел е задоволување на нашите сегашни и идни клиенти. Тоа го правиме преку организирање на патувања во земјата и странство, организирање на средношколски и ученички екскурзии, групни и индивидуални патувања, хотелско сместување во земјата и странство, авиобилети­, такси услуги , саеми , концерти, викенд понуди, еднодневни патувања, шопинг тури, off road тури , летувања, зимувања , како и издавање на патничко осигурување за секој наш патник.

Патувањето е единственото искуство да бидете дел од животот на луѓе кои се сосема различни од вас.

ДОЈДЕТЕ И БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАС И НАШИТЕ ПАТУВАЊА

Ваша Хера Турс