Ilaktida – ТОРОНИ

Category:
  • ИЛАКТИДА1
  • ИЛАКТИДА
  • Stefanos Karas
  • ИЛАКТИДА3
  • ИЛАКТИДА4
  • ИЛАКТИДА5
  • ИЛАКТИДА6
  • ИЛАКТИДА7

Description

Vila Ilaktida – Toroni, Sithonia, Halkidiki
Опис
Вилата Ilaktida е нов, модерен објект сместен во централниот дел на Торони, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Благодарение на својата одлична локација и современ изглед, оваа вила е еден од најпродаваните и најбараните објекти во Торони. Со пријатен двор, мирна атмосфера и целосна опременост, претставува идеален избор за сите кои сакаат квалитетно и удобно сместување покрај море.
Локација
Ilaktida се наоѓа во центарот на Торони, на само 2 минути пешачење од плажата и во непосредна близина на сите потребни содржини – таверни, маркети, пекари, кафулиња и продавници.
Сместување и содржини
Објектот располага со модерни трокреветни студија. Секое студио е уредено со вкус и функционално опремено, и располага со:
– еден брачен и еден единечен кревет
– клима-уред (бесплатно)
– телевизор со рамен екран
– Wi-Fi интернет (бесплатно)
– кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот
– приватен тоалет со туш
– балкон со маса и столови и комарник
Двор и удобности
Вилата има прекрасно уреден двор со зеленило, скара (BBQ) на располагање за гостите и сопствен паркинг. Овие погодности овозможуваат пријатен престој и одмор во опуштена и домашна атмосфера.
Услуга и хигиена
Сместувањето е чисто, современо и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат на 7 дена при влез во собите, а персоналот е љубезен и секогаш подготвен да помогне.
Предности
– Нов, модерен објект во центарот на Торони
– Само 100 метри од песочна плажа
– Бесплатна клима и Wi-Fi интернет
– Сопствен паркинг и двор со скара
– Просторни трокреветни студија
– Еден од најбараните објекти во Торони
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во Студио 7 ноќи

Itinerary

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/3 (НАЕМ)
17.05.2026 7 199
24.05.2026 7 249
31.05.2026 7 339
07.06.2026 7 409
14.06.2026 7 535
21.06.2026 7 545
28.06.2026  7 545
05.07.2026  7 599
12.07.2026  7 609
19.07.2026  7 659
26.07.2026  7 659
02.08.2026  7 699
09.08.2026  7 699
16.08.2026  7 659
23.08.2026  7 599
30.08.2026  7 409
06.09.2026  7 399
13.09.2026  7 249
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.