Подгответе се за една поинаква празнична приказна, исполнета со светилки, насмевки, топлина и незаборавни моменти!! ❤️🎁
🎅 Ве водиме во Трикала – во волшебниот свет на Божиќното село, место каде што празничната магија оживува, улиците блескаат во илјадници светилки, а музиката, декорациите и празничната атмосфера ги враќаат најубавите детски насмевки. Ова е доживување кое ќе ги воодушеви најмалите, но и ќе ги потсети возрасните на убавината на Божиќ и празниците. 🎄✨
🏞️ Нашата празнична авантура вклучува и посета на величествените Метеори – едно од најимпресивните места во Грција, каде што природата и историјата создаваат неверојатна глетка. Високите карпи и манастирите сместени на нивните врвови оставаат без здив и нудат поинакво доживување.❤️
🕯️ А за уште поубаво празнично искуство, ве очекува и посебна работилница за изработка на икони, можност да се запознаете со традицијата и да понесете со себе спомен исполнет со симболика и духовна вредност.
🎁 Три доживувања, една незаборавна приказна!
✨ Божиќна магија за возрасни и деца
✨ Празнични моменти во волшебното Божиќно село
✨ Величествените Метеори и нивната единствена убавина
✨ Креативна работилница за икони
Барем на еден ден да си дозволиме да живееме во светот на фантазиите…ќе ја посетиме куќата на Дедо Мраз, фабриката за чоколади и колачиња, ќе го вкусиме прекрaсното греено вино, ќе одиме и во работилницата за изработка на икони во Метеори….Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу изненадувања, забава и среќa..
❤️ Создадете нови семејни спомени и започнете ја празничната сезона на најубавиот начин!
ДАТУМИ НА ПОАЃАЊЕ:
22.11.2026
28.11.2026
29.11.2026
12.12.2026
13.12.2026
26.12.2026
27.12.2026
🚌 Поаѓање од Битола во 05:00 часот, од паркингот пред Спортската сала.
🏞️ Пристигнување во МЕТЕОРИ – ДОПИР СО НЕВЕРОЈАТНОТО
Нашата прва дестинација се величествените Метеори, едно од најимпресивните места во Грција, познати по своите огромни карпести формации и манастирите сместени високо на нивните врвови. Ова уникатно место плени со својата убавина, историја и духовна атмосфера. По пристигнувањето, предвидено е слободно време од околу 2 часа за индивидуална посета на Големиот Манастир или манастирот Варлаам, во зависност од личниот избор и можностите за посета. Патниците ќе имаат можност да ја почувствуваат посебната атмосфера на ова свето место, да ги разгледаат манастирските комплекси и да уживаат во прекрасните панорамски погледи кон околината. По завршувањето на посетата, следува собир со групата во однапред договореното време и продолжување на нашата празнична авантура.
🕯️ Потоа ја посетуваме – РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ИКОНИ И УНИКАТНИ СУВЕНИРИ
Потоа се упатуваме кон работилница во која се изработуваат икони, традиционални сувенири, рачни изработки и подароци со посебна симболика.
За време на посетата ќе имаме можност да проследиме кратка презентација за изработката на овие уникатни предмети, да се запознаеме со традицијата и процесот на создавање, како и да дознаеме повеќе за нивното значење.
По презентацијата, предвидено е слободно време за разгледување и пазарување во продавницата, каде што ќе можете да изберете подарок за вашите најблиски или спомен од ова прекрасно патување. 🎁
🍽️ РУЧЕК ВО ТРАДИЦИОНАЛНА ГРЧКА ТАВЕРНА
По посетата на работилницата, продолжуваме кон традиционална грчка таверна, каде што ќе имаме можност да уживаме во пријатна атмосфера и да направиме пауза за ручек. Време за одмор, дружење и уживање во вкусовите на грчката кујна пред продолжувањето на нашата празнична приказна.
🎅🎄 ТРИКАЛА – ВО СВЕТОТ НА БОЖИЌНАТА МАГИЈА
Околу 15:00 часот е планирано поаѓање кон Трикала, градот кој во празничниот период се претвора во вистинска божиќна бајка!
Нашата последна дестинација е познатото Божиќно село – место исполнето со илјадници светилки, празнични украси, волшебни куќички и атмосфера што ги радува и најмалите и возрасните. ✨
Таму ќе имате слободно време за прошетка низ празнично украсениот амбиент, фотографирање, уживање во божиќната декорација и откривање на сите убавини што ги нуди ова магично место. Ќе можете да се препуштите на празничниот дух, да создадете прекрасни спомени со семејството и пријателите и да ја почувствувате радоста на претстојните празници. ❤️
🚌 ВРАЌАЊЕ КОН МАКЕДОНИЈА
По договор со туристичкиот водич, во одреденото време следува собир со групата и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Битола е планирано во вечерните часови, со многу убави впечатоци, фотографии, лотарија и спомени од еден исполнет и магичен ден.
Цена: 1400 мкд за возрасни / 1200 мкд за деца до 12 год.
Во цената е вклучено:
Превоз на дадената релација
Пратител за време на патувањето
Посета на работилница за икони ( за сите купувачи следува лотарија )
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување – индивидуално
Индивидуални трошоци, ручек, влезници во манастирите
НАПОМЕНА!