ТИРАНА – CHRISTMAS MARKET

Category:
  • тирананг1

Description

🎄✨ ТИРАНА – БОЖИЌНА МАГИЈА И ПРАЗНИЧЕН ШОПИНГ! ✨🎄

 

И оваа година, Тирана се подготвува да блесне во празничен сјај! Плоштадот Скендербег се претвора во волшебно божиќно село, со огромна украсена новогодишна елка, светлечки декорации и празнични куќарки кои ја создаваат најубавата новогодишна атмосфера во главниот град на Албанија. 🎅🎁

Прошетајте низ божиќниот маркет, уживајте во мирисите на традиционалната храна и топлите пијалоци, откријте интересни подароци и сувенири и почувствувајте ја магијата на празниците во срцето на албанската престолнина.

❤️ Еднодневно патување, празнична атмосфера и шопинг – сè што ви е потребно за еден прекрасен Декемвриски ден!

 

Itinerary

🚍 Планирано поаѓање во 06 часот од пред спортска сала во Битола со попатни паузи и царински формалности преку граничен премин Ќафасан. Попатно собирање на патници од Ресен, Охрид и Струга.

🛍️ ПРАЗНИЧЕН ШОПИНГ ВО ТИРАНА

Нашата авантура започнува со посета на ТЕГ – еден од најголемите трговски центри во Тирана, каде што ќе имате околу 2 часа слободно време за шопинг, разгледување и уживање во богатата понуда на продавници.

Потоа се упатуваме кон центарот на градот, каде што се наоѓа и трговскиот центар Топтани. Следува слободно време за индивидуални прошетки, кафе со пријателите, фотографирање и откривање на празнично украсените улици и плоштади.

🎄 БОЖИЌНИОТ МАРКЕТ НА ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГ

Централниот дел од денот е резервиран за уживање во празничната магија! Пред вас е вистинска новогодишна приказна со светлечки украси, празнични куќарки, музика и прекрасен амбиент кој ги радува сите генерации.

Предвидени се околу 4 часа слободно време за индивидуални активности, прошетки, шопинг и уживање во божиќниот маркет. Идеална можност да создадете прекрасни фотографии, да купите подароци за најблиските и да ја почувствувате радоста на претстојните празници. ✨

📅 ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
• 12.12.2026
• 13.12.2026
• 20.12.2026
• 26.12.2026
• 27.12.2026

Времетраењето на слободните активности може да се приспособи во зависност од времето на пристигнување. Во договореното време со туристичкиот водич, групата се собира и тргнува назад кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
🎟️ 1300 МКД за возрасни
🎟️ 1100 МКД за деца до 12 години

Во цената е вклучено:
Превоз на дадената релација (БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА)
Пратител за време на патувањето
Посета на Трговски центар ТЕГ
Посета на Трговски центар ТОПТАНИ

Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци

 

ВАЖНО!

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 2 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е неопходно.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош (РСМ)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Паузите ги организира организаторот во зависност од условите во сообраќајот.