Словенија 13-16.03.2025
1 ден Изола-Пиран-Порторож
2 ден Целодневен разглед на Трст (Италија)
3 ден Копер – Следење на натпреварот Словенија-Македонија
Поаѓања од:
Битола 17:00ч (Автобуска Транскоп);
Прилеп 17:40ч (бензиска пумпа Лукоил);
Велес 19:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 19:50ч (бензиска пумпа Окта, KFC до хотел Континентал);
Куманово 20:30ч (бензинска пумпа Макпетрол).
13.03.2025 (Четврток) Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Хрватска-Словенија
Поаѓање во 17:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Словенија, патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно и денско возење со попатни одмори, царински формалности.
14.03.2025 (Петок) Изола-Пиран-Порторож
Пристигнување во Словенија (Изола, блиску до Копер) во пладневните часови. Превземање на собите околу 13:30-14:00 часот. Време за краток одмор. Во договорено време, поаѓање кон дветe најпознати и најпосетени летни дестинации на словенечкото крајбрежје, малите градчиња Пиран и Порторож (околу 25-30 мин возење во правец). Разглед на двете места, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
15.03.2025 (Сабота) Факултативна целодневна посета на Трст (Италија)
Појадок. По појадокот во договорено време поѓање кон Трст (Италија). Пристигнување во Трст. Целодневната посета на Трст, ја започнуваме со разглед на градот со локален водич, (околу 2 часа). По завршување на разгледот слободно време за индивидуални активности во центарот на градот. Во договорено време, се упатуваме кон шопинг центарот www.montedoroshoppingcenter.it . Слободно време. Во договорено време поаѓање кон хотелот. Вечера. Ноќевање.
16.03.2025 (Недела) Изола-Копер-ден за навивање
Појадок. Во договорено време (околу 10 часот), поаѓање кон Копер. Прошетка низ центарот на Копер. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон спортскиот комплекс Arena Bonifika и следење на ракометниот натпревар Словенија-Македонија со почеток од 18:30 часот. По завршување на натпреварот, поаѓање кон Македонија (околу 20:30 часот).
Ноќно возење со попатни паузи и царински и гранични формалности.
17.03.2025 (Понеделник) Македонија
Планирано пристигнување во попладневите часови. Крај на програмата.
Цена на аранжманот:
299 евра (18 538 денари) по ЛИЦЕ во двокреветна соба.
За дете до 12 години попуст од 30 евра од цената за возрасен.
За трет возрасен во соба попуст од 30 евра од редовната цена.
За еднокреветна соба, доплата од 60 евра.
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.
Во цената Е вклучено:
– Превоз со високо-туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* во Изола ww.belvedere.si. ;
– Посета на Пиран и Порторож;
– Влезница за натпреварот Словенија-Македонија;
– Придружник од агенција за време на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
– Факултативен излет до Трст (Италија) со локален водич + посета на шопинг центар 20 евра;
– Патничко осигурување;
– Личен трошок на патникот.