Еднодевно патување во Косово
04/10/2026
Планирано поаѓање од Битола во 06:00 часот. Патот води преку граничен премин Блаце. Пристигнување околу 10 часот. Прво правиме посета на Манастирот Грачаница. Се наоѓа на околу 10 км пред Приштина. Манастирот е изграден во 1321 година од страна на српскиот крал Милутин. Според народното верување кралот Милутин заспал пред битката на реката, а на саон му се појавил Ангелот Божји кој му кажал дека ќе ја добие битката, а како еден знак на благодарност треба да изгради црква според облик кој ке му се прикаже. Како што се разбудил кралот на небото здогледал облак кој имал облик на црква. Затоа што ја добил битката како што му било кажано во сонот тој ги повикал најдобрите мајстори кои ја започнале изградбата. По посетата на манастирот поаѓање кон центарот на Приштина, слободно време за индивидуални активности, кафе, прошетка, шопинг…Во договор со водичот собир на групата и поаѓање за најголемиот трговски центар во регионот Приштина Мол. Во молот има повеќе од 230 брендови, широк спектар на продавници и производи за купување. Поаѓање попладне во договорено време. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Цена: 1400 денари
Во цената е вклучено:
Превоз на наведената релација со туристички автобус
Организација и водство на патувањето
Пратител на групата
Во цената не е вклучено:
патничко осигурување
Важно: