МАЈ ВО НОВИ САД – СОМБОР – ПАЛИЌ – СУБОТИЦА – БЕЛГРАД

Category:
  • 04
  • 6a88746a6f36535e952821b94e209442
  • baner-atrakcije-tvrdjava

Description

МАЈ ВО ВОЈВОДИНА ДВА ТЕРМИНИ

ТЕРМИН ЗА 1 МАЈ:   30.04.2026-03.05.2026
ТЕРМИН ЗА 24 МАЈ:   22.05.2026-25.05.2026

Itinerary

МАКЕДОНИЈА – НОВИ САД (СРБИЈА)

Состанок на групата во 22 часот, планирано поаѓање во 22:30 од пред спортска сала во Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Росоман, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници). Агенцијата е должна да ги извести патниците за сат и место на поаѓање до два дена пред поаѓање. Патувањето е преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности.

НОВИ САД
Во  раните утрински часови пристигнуваме во ФРУШКА ГОРА еден од петте национални паркови во Р.Србија со 16 православни манастири каде се прави посета на манастирот Крушедол. По разгледите продолжуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..Сместување во хотел. Слободно време.  Ноќевање.

НОВИ САД – ПАЛИЌ –  СУБОТИЦА – СОМБОР
Појадок. Следува целодневна факултативна прошетка до ПАЛИЌ, СУБОТИЦА И СОМБОР.

Прво го посетуваме Палиќ со прекрасното Паличко езеро кое претставува значаен туристички центар во Војводина. Следува прошетка покрај прекрасно уредена пешачка патека или кафе пауза во некој од околните ресторани и кафулиња. По прошетките продолжуваме за Суботица. Градот е препознатлив по својата раскошна архитектура и е сместен во близина на Унгарската граница. Разглед на еден од најшармантните градови во Северна Србија со локален водич. По разгледот се упатуваме во градот Сомбор. Сомбор е град со богато културно наследство, чувар на традицијата и негувач на богата историја. Во него, многу уметници и писатели пронашле инспирација за да ги создадат своите најистакнати дела Следува време за ручек во еден од рестораните – салаш. Враќање во за Нови Сад. Ноќевање.

(НЕДЕЛА)  НОВИ САД- БЕЛГРАД – МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград, посета на храмот св.Сава, па потоа се упатуваме према Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА : 139 ЕУ за резервации до 30.04.2026
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕУ

 

 

 

 

Во цената е вклучено:
– Aвтобуски превоз на дадената релација (Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово)
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Нови Сад
– Разглед со локален водич
– Tуристички придружник за време на целото патување
– Белград
-Сремски Карловци, Петоварадинска тврдина и Фрушка Гора со манастирот Крушедол

Во цената не е вклучено:

Факултативна посета на Паличко езеро, Суботица и Сомбор – 55 еу
Туристичка такса – 4 еу за време на целиот престој
Патничко осигурување – информации во агенција
Доплата за еднокреветна соба + 50 еу

 

НАПОМЕНА!!!

* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.

* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.

* Патувањето може да биде со валидна лична карта на РСМ или пасош.

* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.