МАНАСТИР ПРОХОР ПЧИНСКИ И ВРАЊЕ

Category:
  • prohor-pcinjski-8-1170x659

Description

ТЕРМИН: 26.04.2026 – НЕДЕЛА

Itinerary

Планирано поаѓање од Битола во 05:00 часот. Патот води преку граничен премин Табановце со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Манастирот Прохор Пчински кој е од духовно и историско значење и денес се наоѓа во општина Бујановац, Република Србија. Манастирот на свети Прохор Пчински се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот. По Косовската битка во 1454 година манстирот е уништен од страна на Османлиите, за повторно да биде обновен во 1489 година од страна на Марин, син на попот Радоња од Кратово. Во тој период се насликани и вреските во самиот манастир, кои се сметаат за најважно уметничко дело од тој период.

Слободно време за разглед и прошетка во манастирот.

По посетата на манастирот се продолжува кон Врање, индивидуално слободно време за шопинг, LIDL, прошетки, кафе…Во договорено време со водичот собир на групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1400 денари

Во цената е вклучено:
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Прошетка и разглед на манастирот Прохор Пчински
  • Посета на Врање
Во цената не е вклучено:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот со автобуски превоз се потребни минимум 40 патници, за реализацијали со минибус/комбе.минимум 16 патници. 
  • При отказ на аранжман ден пред поаѓање или на ден поаѓање – нема поврат на средства. Патникот за евентуален отказ е должен да ја извести агенцијата минимум два дена претходно. 
  • Крајниот рок за известување за евентуален отказ од страна на агенцијата е два дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку процени дека е неопходно.
  • Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување. 
  • Паузите и застанувањето на freeshop (на граница) ги организира организаторот во зависност од условите во сообраќајот.