ТЕРМИН: 17.10.2026
Планирано поаѓање во 06:00 часот од пред спортска сала во Битола. Поаѓање према граничен премин Меџитлија. Пристигнување во КОСТУР – прекрасен град сместен на брегот на Костурско езеро, познат по својата уникатна архитектура, калдрмисани улички, традиционални куќи и повеќе од 50 цркви кои сведочат за неговото културно наследство. Костур е исто така познат како центар на кожна индустрија со бројни продавници и можност за шопинг. Традиција на населението е производството и трговијата со крзна и кожи. Има околу 300 мали и поголеми фабрики за обработка на кожа и крзно. Дел од жителите егзистираат од туризам, производство на вино и риболов, затоа што во водата на езерото има стотици видови на риби. Прошетките покрај езерото со прекрасен поглед го прави градот идеално место за еднодневно бегство од секојдневието.
Прво ќе ја посетиме “пештерата на змејот” магичната Пештера на Змејот под карпите на градот, кој е простор стар шест милиони години. Пештерата има седум езера длабоки од 3-8 м. и безброј сталактити, сталагмити, фигури и композиции кои ги сокрило времето. Откриена во 40-тите години на минатиот век од генерал Соунгариди. Ја нарекол Пештера на змејот, врзувајќи ја со една локална легенда. Откритието е потврдено 1954 г. На реконструкцијата и реставрацијата се работело 10 години од 2000 – 2009 г.
Потоа ќе ја посетиме црквата Света Богородица Мавровска“ или Мавриотица (грчки: Παναγία Μαυριώτισσα, Панагија Мавриотиса или Μεσονησιώτισσα, Месонисиотиса) — православен манастир изграден во X век, во времето на Охридската архиепископија, кој денес ѝ припаѓа на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
По посетите на овие места одиме во центарот на градот каде ќе имаме околу три часа слободно време за индивидуални активности.
Во договорено време собир на групата и поаѓање кон островот Св.Ахил во грчкиот дел од малото Преспанско езеро. Над селото е базиликата и остатоците од средновековниот град Преспа, кој во 10 век го подигнал Цар Самоил. Во руините на базиликата Св. Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Мирот и тишината во селото, преубавиот поглед од горниот дел предизвикуваат чуство дека времето застанало во други периоди. До островот се пристигнува преку понтонски мост кој го поврзува со копното.
Враќање за Битола во попладневните часови.
Цена: 1000 денари
Во цената се вклучени превоз и сите наведени разгледи.
Во цената не е вклучено: патничко осигурување, храна и индивидуални трошоци, и влезница за пештерата (4еу – се плаќа на лице место)
НАПОМЕНА: