Стариот Пазар на Корча со карактеристичните дуќани даваат магична атмосфера под ритамот на калдрмата и карактеристичните куќи веќе претворени во хотели и ресторани за пречек на многубројните посетители. Чаршијата е еден од најубавите делови на градот и секој што барем еднаш го посетил градот Корча нема шанси да не застане во Стариот пазар. Зградите се архитектонски ансамбл, парцелизирани со улиците со калдрма меѓу нив. Објектите се на два спрата и повеќето имаат подрум. Зградите имаат речиси ист стил на градба…
Можете да ја посетите и Црвената кула, позната и како Панорамска кула, која се наоѓа на крајот од шеталиштето, каде што можете да ја видите најдобрата панорама на градот од висина од 33 метри.
Во Корча можете да посетите и верски објекти од муслиманска и православна вероисповед. Џамијата на „Иљаз беј Мирахори“ е споменик на културното наследство во областа Корча.
Катедралата „Воскресение Христово“ во Корча е изградена во 1992 година од страна на Автокефалната православна црква на Албанија се наоѓа во центарот на градот. „Воскресение Христово“ се карактеризира со бетонска конструкција, се состои од три ката и зафаќа површина од 1800 квадратни метри. Тоа го симболизира враќањето на верските практики во земјата каде што сите религии беа забранети од 1967 до 1991 година.
ПОГРАДЕЦ – Убавина која вреди да се види од другата страна на Охридското езеро. Градот се наоѓа на само 12 км од Свети Наум.
Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо…
Планирано поаѓање во 06:00 часот од спортска сала Битола. Се патува преку граничен премин Стење со царински формалности. По само 20-тина минути после граничниот премин застануваме во бачило за производство на кашкавал и сирење, каде ќе можите да дегустирате и ако сакате и да си купите за дома. Потоа се продолжува кон Корча. Пристигнување околу 09:00 часот. Разглед на градот и посета на црквата Воскресение Христово. Индивидуални прошетки низ старата чаршија и центарот на Корча. По разгледите се продолжува за Поградец. Сместен на Охридското езеро со архитектура слична на Охрид. Прошетки и разгледи низ Поградец. Можност за ручек во многубројните ресторани сместени на брегот на Охридско езеро. Потоа поаѓање за Св.Наум – посета на манастирот слободно време. По разгледите поаѓање за Битола и пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 900 денари
Во цената е вклучено:
– Превоз на наведената релација со туристички автобус
– Организација и водство на патувањето
– Пратител на групата
Важно