🎆✨ ИСТАНБУЛ ЗА НОВА ГОДИНА 2027 ✨🎆
Дочекајте ја Новата година во магичниот Истанбул – градот кој никогаш не спие! 🇹🇷
🌉 Уживајте во неповторливата атмосфера на Босфорот, прошетајте низ волшебно украсените улици, откријте ги чаршиите, уживајте во шопингот и вкусете ги традиционалните турски специјалитети.
🥂 Новогодишна ноќ исполнета со радост, музика, дружење и незаборавни моменти!
❤️ Започнете ја 2027 година со нови доживувања.
Прв ден – Среда (30.12.2026)
Организиран превоз со поаѓања од Битола во 16 часот од спортска сала преку граничен премин Меџитлиија , и организиран превоз од Скопје (собир во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот) , Велес, Неготино преку граничен премин Богородица.
Во случај на недоволно пријавени патници од двете дестинации групата се спојува со трансфер.
Агенцијата е должна два дена пред поаѓање да ги извести патниците за време и место на поаѓање по градови.
Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности
Втор ден – Четврток (31.12.2026)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија, како и некогашниот Хиподром, Аја Софија, Топ Капи палатата и Сината Џамија.
Вечерта дочек на Нова година – наскоро информација
Трет ден – Петок (01.12.2026)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул, каде што го посетуваме прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Потоа одимекон едно од најубавите места во Азија, населбата Кадикој. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Разгледот продолжува со местото Кадикој на азиската страна. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место
каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Вечерта враќање во хотел и ноќевање.
Четврт ден – Сабота (02.12.2026)
По појадокот, следува одјавување од хотелот и можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.
По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки.
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Македонија во утринските часови во Недела (03.12.2026).
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 149евра РЕДОВНА ЦЕНА 179 евра.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
· Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
· Автобуски превоз на дадената релација
· Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
· Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
· туристички пратител за време на престојот
· организација за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
· Задолжително патничко осигурување – информации во агенција !
· Задолжителна доплата за туристичка такса 2 евра по лице од ден Факултативните излети:
· Крстарење по Босфорот – 20 евра
· Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Ортакој и Кадикој– 25 евра
· Балат – најпознатото маало со шарени куќички и Вселенската патријаршија- 10евра – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
· Дочек на Нова година – дополнително инфо
ПАКЕТ со сите ФАКУЛТАТИВИ 50 евра по лице
ИНФОРМАЦИИ:
· За сингл соба се доплатуваат 60 евра дополнително од аранжманот
Попусти за деца:
· Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
· Деца од 3 до 10 години плаќаат 90 евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
· Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: