Цена: Original price was: 249,00 €.219,00 €Current price is: 219,00 €.
Со пристигнувањето на зимата, значи дека прекрасните градски плоштади во Виена ќе станат уште по магични со доаѓањето на божиќните пазари! Без разлика дали барате инспирација за подароци, сакате да одите на уметничко лизгање, планирате да се занесете со некое glühwein (греано вино) и да се загреете во комбинација со колбасици, печени костени и компири или едноставно сакате да ги видите убавите светилки кој ве водат до Божиќ, секако ќе бидете презадоволини на сите божиќни пазари што се случуваат во Виена. Најголемиот и најсветлиот пазар за Божиќ несомнено е Vienna Christmas World (Виена Божиќен Свет) кој се наоѓа на плоштадот на Градското собрание. Со над 100 штандови, каде што ќе можете да разгледате голем изборот на божиќни подароци, украси, занаетчиски ракотворби, вкусни закуски и зимски затоплувачки пијалаци додека уживате во фестивалската атмосвера со украсени божиќни дрвја.
04.12.2026 – ПЕТОК
Планирано поаѓање од Битола во 12.00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
05.12.2026 – САБОТА
Пристигнување во Виена во утринските часови. По пристигнувањето започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Катедралата Св. Стефан , градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, , Музејот на модерна уметност, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
06.12.2026 – НЕДЕЛА
Појадок. По појадокот се упатуваме према дворецот „Шенбрун“ (факултатива 60 еу) – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. и е еден од најважните културни споменици во Австрија. Посетуван е од повеќе од 5 милиони туристи годишно. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф).
Слободно врме во дворот на дворецот за патниците кои нема да влегуваат за внатрешен разглед.
Задржување околу 2 часа па продолжуваме према центарот на градот. Следува слободно време за индивидуални прошетки, разгледи, кафе..
Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање
07.12.2026 – ПОНЕДЕЛНИК
Појадок. Одјавување од хотел. Можност за факултативна посета на Братислава. Прво се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf (тука слегуваат патниците кои не доаѓаат на факултативата во Братислава, со останатите продолжуваме кон Братислава при што после разгледот се враќаме во трговскиот и во договорено време со водичот се собира групата.)
Слободно време за шопинг…
Во Братислава следува разглед на градот со локален водич:средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули. Следува слободно време за индивидуални прошетки.
Поаѓање за Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор и царински формалности.
08.12.2026 – ВТОРНИК
Пристигнување во Македонија во пладневните часови – зависно од гужвите по граници и сообраќајот.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 219 €
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 249 €
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба – 60 еу
Туристичка такса 5€ – За целиот престој
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице за селекција на седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
НАПОМЕНА: