Патување исполнето со духовен мир и природна убавина.
Планирано поаѓање во 07 часот од пред спортска сала Битола со една попатна пауза. Започнуваме со посета на Бигорски манастир Св.Јован Крстител – едно од најзначајните духовни светилишта во Македонија, познат по својот иконостас кој претставува вистинско ремек дело на мијачките копаничари, прочуените Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Според Бигорскиот поменик, како и според записот на чудотворната икона на Свети Јован Крстител, манастирот бил основан од страна на монахот Јован Дебранин во 1020 година. Во манастирот се наоѓа чудотворната икона на Свети Јован Крстител која уште од самиот почеток до денес не престанала да чудотвори како и свети мошти кои се наоѓаат во наосот на големиот кивот и други.
По разгледот продолжуваме кон манастирот Св.Георгиј Победоносец во Рајчица со прекрасен поглед кон Дебарскиот крај. храм на свети Георгиј во Рајчица е изграден врз темели на храм од 16 век,што исто така му бил посветена на овој Светец. Игуменот Арсениј кој бил многу влијателен човек, бил почитуван и од тогашната турска власт. Тоа било причина тој да обезбедил ферман од султанот од Цариград и да ја изгради оваа црква во 1835 година. Во исто време се изградиле и првите конаци на овој простор, во кои живееле дел од браќата од Бигорскиот манастир, кои се занимавале со активности значајни и традиционални за овој крај. Обновата на манастирот во Рајчица започна во 1999 година, кога беа поставени темелите за новите конаци. Дворецот на Свети Георгиј, како што народот го нарекува, беше комплетно завршен во 2001 година, кога и започна монашкиот живот на сестринството под духовно раководство на нашиот игумен и владика, отец Партениј, рече нашата соговорничка сестра Ефимија. Манастирот „Свети Георгиј“ е познат како единствен манастир во Македонија во кој се изработуваат митри од чијашто продажба се црпи главната егзистенција. Сестрите досега изработиле над 1200 митри за митрополити и владици од цел свет, но и за вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Денот го заокружуваме со прошетка низ Вевчани и посета на Вевчанските извори. Слободно време за ручек, кафе и уживање во автентична атмосфера.
Враќање во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 900 денари