БЕЛГРАД И НОВИ САД ЗА НОВА ГОДИНА

Category:
  • BELGRAD

Description

Дочекајте ја најлудата ноќ во годината во градот на најдобрата забава, музика и незаборавна атмосфера!
Белград ве очекува со празнично украсени улици, одличен ноќен живот и новогодишна магија на секој чекор! Започнете ја Новата година со нас – со многу насмевки, дружба и убави спомени!

Itinerary

1 Ден: 31.12.2026

Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови околу 01:00 часот од Битола, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградската тврдина, Калемегдан како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова.Во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани. Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Градскиот превоз е бесплатен за сите. Агенцијата е во можност да ви организира забава во Хотел Балашевич на 1 км од хотелот каде ќе има организиран дочек на Нова Година со мени карта и жива музика – факултатива 90 ЕУ ( храна + пијалоци + музика). Ноќевање.

2 Ден: 01.01.2027

Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад. Пристигнување и разглед на Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.

3 Ден: 02.01.2027

Појадок. Одјавување од хотелот околу 09:00 часот. Се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

BLACK FRIDAY ЦЕНА – 149 ЕУ

РЕДОВНА ЦЕНА 169 ЕУ

Доплата за еднокреветна соба + 40 еу по лице

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје, Куманово
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител на групата
  • Разглед на Белград со локален водич

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување ( Информации во агенција )

Дочек на Нова Година во Х.Балашевич – 90 ЕУ ( храна + пијалоци + музика)

ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – 25 еу

Туристичка такса 2 еу по лице по ден

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

    НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

 

  • Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.