Дочекајте ја најлудата ноќ во годината во градот на најдобрата забава, музика и незаборавна атмосфера!
Белград ве очекува со празнично украсени улици, одличен ноќен живот и новогодишна магија на секој чекор! Започнете ја Новата година со нас – со многу насмевки, дружба и убави спомени!
1 Ден: 31.12.2026
Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови околу 01:00 часот од Битола, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградската тврдина, Калемегдан како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова.Во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани. Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Градскиот превоз е бесплатен за сите. Агенцијата е во можност да ви организира забава во Хотел Балашевич на 1 км од хотелот каде ќе има организиран дочек на Нова Година со мени карта и жива музика – факултатива 90 ЕУ ( храна + пијалоци + музика). Ноќевање.
2 Ден: 01.01.2027
Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад. Пристигнување и разглед на Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.
3 Ден: 02.01.2027
Појадок. Одјавување од хотелот околу 09:00 часот. Се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
BLACK FRIDAY ЦЕНА – 149 ЕУ
РЕДОВНА ЦЕНА 169 ЕУ
Доплата за еднокреветна соба + 40 еу по лице
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување ( Информации во агенција )
Дочек на Нова Година во Х.Балашевич – 90 ЕУ ( храна + пијалоци + музика)
ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – 25 еу
Туристичка такса 2 еу по лице по ден
НАПОМЕНА!!!