🇲🇰🤾♂️ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2027
МАГДЕБУРГ, ГЕРМАНИЈА 🇩🇪
📅 14.01 – 20.01.2027
💶 Цена на аранжманот: 179 € по лице
❤️💛 ТРИ НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА – ЕДНО НЕЗАБОРАВНО НАВИВАЧКО ПАТУВАЊЕ!
Придружете ни се на навивачкото патување во Германија и бидете дел од атмосферата, емоциите и поддршката за нашата ракометна репрезентација!
🚌 ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
ПРВ ДЕН – 14.01.2027 | МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА
Поаѓање во 05:00 часот од пред Спортската сала во Битола. Попатно собирање патници од Прилеп, Велес, Скопје и Куманово.
Патувањето продолжува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно патување кон Германија.
ВТОР ДЕН – 15.01.2027 | ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО МАГДЕБУРГ 🇩🇪
Пристигнување во Магдебург во пладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и подготовка за навивачкиот спектакл.
🤾♂️ 18:00 часот – СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
🇲🇰 Македонија – Јапонија 🇯🇵
Сместувањето и влезниците за натпреварот патниците ги обезбедуваат самостојно.
ТРЕТ ДЕН – 16.01.2027 | ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА НА БЕРЛИН 🇩🇪
Можност за факултативна посета на Берлин, германската престолнина, позната по својата историја, култура и впечатливи знаменитости.
Слободно време за прошетка, фотографирање, шопинг и индивидуални активности.
💶 Цена за факултативната посета: 30 € по лице.
Собирање на групата на договорено место и во договорено време.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 17.01.2027 | ВТОР НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
Слободно време за индивидуални активности и подготовка за вториот натпревар на нашата репрезентација.
🤾♂️ 18:00 часот – СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
🇲🇰 Македонија – Бахреин 🇧🇭
Уште една можност за заедничко навивање и поддршка за македонските ракометари!
ПЕТТИ ДЕН – 18.01.2027 | СЛОБОДЕН ДЕН
Слободно време за индивидуални активности, прошетки низ Магдебург и дружење со македонските навивачи.
ШЕСТИ ДЕН – 19.01.2027 | ТРЕТ НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
Слободно време и подготовка за последниот натпревар на Македонија во рамките на оваа програма.
🤾♂️ 20:30 часот – СЛЕДЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
🇲🇰 Македонија – Исланд 🇮🇸
По завршувањето на натпреварот, поаѓање кон Македонија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
На патувањето кон дома е планирана посета на Parndorf Outlet во Австрија, со слободно време за шопинг.
СЕДМИ ДЕН – 20.01.2027 | ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Продолжување на патувањето кон Македонија со попатни паузи.
Пристигнување во вечерните часови.
💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € ПО ЛИЦЕ
Цената вклучува:
Автобуски превоз на релација Македонија – Германија – Македонија
Придружник на патувањето
Посета на Parndorf Outlet во Австрија
Цената не вклучува:
Патничко осигурување
Влезници за ракометните натпревари
Сместување во Магдебург – НУДИМЕ МОЖНОСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА СМЕСТУВАЊЕ ПО ПРЕТХОДНО БАРАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ
Факултативна посета на Берлин – 30 € по лице
⚠️ ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Агенцијата организира исклучиво автобуски превоз на релација Македонија – Германија – Македонија.
СМЕСТУВАЊЕТО не е вклучено во основната цена на аранжманот од 179 ЕУ и се доплаќа дополнително!
Сместувањето, влезниците за натпреварите и организацијата на слободното време патниците ги обезбедуваат самостојно.
За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, согласно условите за влез во земјите на транзит и дестинација.
Собирањето на групата и попатните паузи ќе се реализираат според договорениот распоред.
!!! КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 05.12.2026 !!!
Со цел навремена организација и потврдување на програмата, крајниот рок за пријавување и резервации е 5 декември 2026 година.
📞 Резервирајте го вашето место навреме!
ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰❤️💛