🎄✨ ТИРАНА – БОЖИЌНА МАГИЈА И ПРАЗНИЧЕН ШОПИНГ! ✨🎄
И оваа година, Тирана се подготвува да блесне во празничен сјај! Плоштадот Скендербег се претвора во волшебно божиќно село, со огромна украсена новогодишна елка, светлечки декорации и празнични куќарки кои ја создаваат најубавата новогодишна атмосфера во главниот град на Албанија. 🎅🎁
Прошетајте низ божиќниот маркет, уживајте во мирисите на традиционалната храна и топлите пијалоци, откријте интересни подароци и сувенири и почувствувајте ја магијата на празниците во срцето на албанската престолнина.
❤️ Еднодневно патување, празнична атмосфера и шопинг – сè што ви е потребно за еден прекрасен Декемвриски ден!
🚍 Планирано поаѓање во 06 часот од пред спортска сала во Битола со попатни паузи и царински формалности преку граничен премин Ќафасан. Попатно собирање на патници од Ресен, Охрид и Струга.
🛍️ ПРАЗНИЧЕН ШОПИНГ ВО ТИРАНА
Нашата авантура започнува со посета на ТЕГ – еден од најголемите трговски центри во Тирана, каде што ќе имате околу 2 часа слободно време за шопинг, разгледување и уживање во богатата понуда на продавници.
Потоа се упатуваме кон центарот на градот, каде што се наоѓа и трговскиот центар Топтани. Следува слободно време за индивидуални прошетки, кафе со пријателите, фотографирање и откривање на празнично украсените улици и плоштади.
🎄 БОЖИЌНИОТ МАРКЕТ НА ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГ
Централниот дел од денот е резервиран за уживање во празничната магија! Пред вас е вистинска новогодишна приказна со светлечки украси, празнични куќарки, музика и прекрасен амбиент кој ги радува сите генерации.
Предвидени се околу 4 часа слободно време за индивидуални активности, прошетки, шопинг и уживање во божиќниот маркет. Идеална можност да создадете прекрасни фотографии, да купите подароци за најблиските и да ја почувствувате радоста на претстојните празници. ✨
📅 ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
• 12.12.2026
• 13.12.2026
• 20.12.2026
• 26.12.2026
• 27.12.2026
Времетраењето на слободните активности може да се приспособи во зависност од времето на пристигнување. Во договореното време со туристичкиот водич, групата се собира и тргнува назад кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
🎟️ 1300 МКД за возрасни
🎟️ 1100 МКД за деца до 12 години
Во цената е вклучено:
Превоз на дадената релација (БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА)
Пратител за време на патувањето
Посета на Трговски центар ТЕГ
Посета на Трговски центар ТОПТАНИ
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
ВАЖНО!