Вилата Lakis Sea View (базен) се наоѓа на околу 500 метри од плажата во Ипсос во близина на хотелите Corfu Secret и San Marco. Вилата претставува совршен спој на природата, мирот и прекрасниот поглед од височина према морето од една страна, а кон планината Пантократор од другата страна. За атмосферата да биде уште попријатна, можете да уживате крај базенот опкружен со лежалки.
Вилата располага со двокреветни соби и дуплекс апартмани. Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, плазма ТВ, тераса, клима (со доплата по желба 7 евра од ден) и интернет. За секој гостин следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата располага со едно паркинг место, а може да се паркира и пред вилата. На 200 метри од вилата има мини маркет, а на 250 метри автобуска станица. Сите соби се наоѓаат на прв спрат.
GPS координати 39.70829392929522, 19.83960872874352
ПОНУДАТА е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице.
FIRST MINUTE цените важат со 30% уплата до 10.06. На овие цени нема одбивање за сопствен превоз.
Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс на евро 62 денари.
ОДОБРУВАМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 5% ПОПУСТ СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ВО ГОТОВИНА ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ
ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:
| 7 ноќи и превоз | ВИЛА Lakis Sea View (базен) студио 1/2 дуплекс 2+2 |
||
| Термин: | ТИП СОБА | РЕДОВНА ПО ЛИЦЕ |
FIRST MINUTE |
| 25.07 – 01.08 | 1/4MV | 289€ | 249€ |
| 1/2SV | 329€ | 309€ | |
| 01.08 – 08.08 | 1/4MV | 289€ | / |
| 1/2SV | 329€ | 309€ | |
| 08.08 – 15.08 | 1/4MV | 289€ | 249€ |
| 1/2SV | 329€ | 309€ | |
| 15.08 – 22.08 | 1/4MV | 289€ | / |
| 1/2SV | 329€ | 309€ | |
| 22.08 – 29.08 | 1/4MV | 259€ | 209€ |
| 1/2SV | 289€ | 259€ | |
MV – Mountain View (поглед кон планина)
SV – Sea View (поглед кон море)
НАПОМЕНИ:
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ: