ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО-РУПИТЕ-САНДАНСКИ

Category:
  • rupite-510x383
  • RUPITE1
  • CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 100
  • images
  • sandanski
  • rupite

Description

ТЕРМИН: 25.04.2026

Itinerary

Планирано поаѓање во 06:00 часот од Битола.

Прва пауза за појадок или кафе правиме во Комплексот Лебедово езеро кој се наоѓа пред самата граница со Р.Бугарија на Ново Село. Во комплексот ќе се задржиме околу час и половина, покрај појадокот или кафенцето ќе имате можност да уживате во прекрасната атмосфера и природа како и да ја посетите мини зоолошката градина…Потоа продолжуваме према РУПИТЕ – мистично и духовно место во близина на градот Петрич, познато по својата природна убавина и силна енергија. Овде на Рупите побожната Баба Ванѓа го остварува својот најголем сон да изгради сопствена црква Св. Петка. Посетителите имаат можност да го почувствуваат мирот, да прошетаат низ уникатниот пејсаж и да се запознаат со животот и делото на Баба Ванѓа. По разгледите продолжуваме кон Сандански кој како град покрај прекрасната клима и природа нуди одлични можности за шопинг. Во центарот ќе најдете бројни бутици, продавници и локални производи…Слободно време за индивидуални прошетки или ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена: 1500 денари

Во цената се вклучени превоз и сите наведени разгледи.

Во цената не е вклучено: патничко осигурување, храна и индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот со автобуски превоз се потребни минимум 40 патници, за реализацијали со минибус/комбе.минимум 16 патници.

  • При отказ на аранжман ден пред поаѓање или на ден поаѓање – нема поврат на средства. Патникот за евентуален отказ е должен да ја извести агенцијата минимум два дена претходно. 
  • Крајниот рок за известување за евентуален отказ од страна на агенцијата е два дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку процени дека е неопходно.
  • Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување. 
  • Паузите и застанувањето на freeshop (на граница) ги организира организаторот во зависност од условите во сообраќајот.