ТЕРМИН: 25.04.2026 – САБОТА
Планирано поаѓање во раните утрински часови – околу 4:30 часот. Патувањето е преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи и царински формалности.
Прво пристигнуваме во Манастирот Св.Лидија која се наоѓа во близина на градот Филипои на околу 15 км од Кавала.
Света Лидија е камен темелник на Црквата во Филипи. Таа е прва личност која што била крстена од страна на апостол Павле на европско тло и затоа се прославува како прва христијанка – Европејка (околу 49 година по Христа). По крштевањето света Лидија побарала од апостолите да ја препознаат како верна во Господа, што и сториле, знаејќи ја нејзината вера, скромност и благочестивост. Света Лидија била гостопримлива па ги понудила светите апостоли да живеат во нејзиниот дом, па свети апостол Лука ќе посведочи за тоа, и тие на крајот прифаќаат, со што се потврдува дека таа е достојна за тие да бидат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот од куќата на Марија, мајката на евангелистот Марко во Ерусалим. Лидија е првата христијанка жена, во првата христијанска црква во Европа – црквата во Филипи, Македонија. Апостол Павле единствено од оваа црква примил дарови за своето мисионерско дејство, бидејќи знаел дека тие биле дадени од срца полни со љубов.
Слободно време околу 1:30 минути. По разгледот продолжуваме према Кавала каде што следува слободно време за индивидуални прошетки покрај море или низ стариот дел на градот…
Поаѓање за Битола во попладневните часови ( во договор со водичот ).
Цена: 2100 денари
Во цената се вклучени превоз и сите наведени разгледи.
Во цената не е вклучено: патничко осигурување, индивидуални трошоци
НАПОМЕНА: