Gyalos Beach – Neos Marmaras

Category:
  • gyalos
  • gyalos1
  • gyalos2
  • gyalos3
  • gyalos4
  • gyalos5
  • gyalos6
  • gyalos7
  • gyalos8

Description

Vila Gyalos Beach – Neos Marmaras, Sithonia, Halkidiki
Опис
Вилата Gyalos Beach се наоѓа на совршена локација во Неос Мармарас, на вториот крак на Халкидики, на само 50 метри од најубавата плажа, кај фудбалското игралиште. Модерен објект со уреден двор, веранда и пријатна атмосфера, совршен за фамилии и парови кои сакаат да бидат блиску до море и до сите градски содржини.
Локација
Објектот е сместен во мирен дел на Неос Мармарас, на само неколку минути пешачење од центарот и марината. Плажата е веднаш преку улица, додека во близина има таверни, маркети и кафулиња. Плажата Paradisos е на околу 2 км, а аеродромот во Солун е оддалечен приближно 110 км.
Сместување и содржини
Вилата располага со вкупно 9 студија:
– 5 модерно опремени двокреветни студија, од кои 4 имаат директен поглед кон море, а едно има поглед кон планина и странично кон море (SSV)
– 2 четворокреветни студија лоцирани на приземје
– 2 трокреветни студија лоцирани на приземје
Сите студија се уредени со вкус и располагаат со:
– клима-уред (доплата 5 € по ден, директно на сопственикот)
– Wi-Fi интернет
– телевизор
– комарници на прозорците
– приватен тоалет со туш
– мини-кујна со прибор и фрижидер
– балкон или тераса
– сет од мала и голема крпа по лице
Двор и удобности
Во рамките на вилата има веранда и двор со скара (BBQ) на располагање за гостите. Иако објектот не располага со сопствен паркинг, гостите можат да ги паркираат своите возила веднаш пред објектот.
Услуга и хигиена
Сместувањето е чисто и редовно одржувано. Постелнината и пешкирите се менуваат периодично. Вилата се истакнува по модерниот ентериер, идеалната локација и љубезните домаќини.
Предности
– Одлична локација – само 50 м од плажа
– Модерни дво- и четворокреветни студија
– Прекрасен поглед кон море
– Wi-Fi интернет и скара во дворот
– Возилата се паркираат веднаш пред објектот
– Идеално за фамилии и парови

Itinerary

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/2 SSV (НАЕМ) СТУДИО 1/2 ПОГЛЕД МОРЕ (НАЕМ) СТУДИО 1/3 (НАЕМ) СТУДИО 1/4 (НАЕМ)
17.05.2026 7 199 229 229 249
24.05.2026 7 229 249 249 269
31.05.2026 7 223 339 339 359
07.06.2026 7 389 409 409 429
14.06.2026 7 515 535 535 555
21.06.2026 7 525 545 545 565
28.06.2026  7 525 545 545 565
05.07.2026  7 579 599 599 619
12.07.2026  7 589 609 609 629
19.07.2026  7 639 659 659 543
26.07.2026  7 639 659 659 679
02.08.2026  7 669 689 689 709
09.08.2026  7 669 689 689 709
16.08.2026  7 639 659 659 679
23.08.2026  7 579 599 599 619
30.08.2026  7 389 409 409 429
06.09.2026  7 319  237 339 359
13.09.2026  7 229 249 249 269
20.09.2026 7 229 249 249 269
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд;
  • Цените се дадени за наем на студио или апартман без превоз за 7 ноќи/8 дена;
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.