Фестивалот на Мимозите во Херцег Нови е една од најпознатите и најдолготрајните културно-туристички манифестации на Јадранот, посветена на цветот мимоза. Мимозата е национален симбол на овој фестивал – цвет што цвета во студените месеци, најавувајќи доаѓање на пролетта. Самата манифестација има традиција повеќе од 50 години и е важна за претставување на културата, традицијата и туристичката понуда на регионот.
ПРВ ДЕН: 12.02.2026
Планирано поаѓање во 23 часот од Битола, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. АГЕНЦИЈАТА е должна до два дена пред поаѓање да ги контактира пријавените патници за точно место и време на поаѓање зависно по градови.
ВТОР ДЕН: 13.02.2026
Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетки во Будва. Во попладневните часови поаѓање према Херцег Нови со попатна посета нa ТИВАТ И ПОРТО МОНТЕНЕГРО место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет.
Херцег Нови е прекрасен крајбрежен град сместен на влезот од Бока Которска, познат како град на сонцето, зеленилото и скалите. Во Херцег Нови најпозната манифестација е Фестивалот на Мимозите но исто така во градот се одржуваат и голем број на карневали, концерти и културни манифестации во текот на целата година. Кога мимозите ќе процветаат, Херцег Нови се претвора во вистинска пролетна бајка. Жолтите цветови го исполнуваат воздухот со нежен мирис, а улиците, плоштадите и крајбрежјето добиваат посебна магија. Мимозата овде не е само цвет- таа е симбол на радост, нов почеток и топлина, знак дека пролетта пристигнува и дека градот живее со насмевка и песна.
ВЕЧЕРТА Е СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ СО НАСТАП НА НИНА БАДРИЌ И ГОРАН КАРАН. ПРОГРАМАТА ЗАПОЧНУВА ВО 19часот И ЗАВРШУВА НА ПОЛНОЌ.
По завршувањето на концерите враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН: 14.02.2026
Појадок. По појадокот поаѓање према Котор и заливот Бока Которска се до Херцег Нови. Патувањето низ заливот претставува вистинско уживање за сите сетила. Средновековниот Котор со своите камени зидови и тесни улички ја раскажуваат историјата на векови наназад, додека заливот тивко се протега со огледално мирни води, опкружен со планини што се спуштаат до морето. По посетата на Котор продолжуваме кон Херцег Нови кој ќе не пречека со боите и мирисот на мимозите. Пристигнување во Баошиќи, место каде ќе се одржува манифестацијата, место каде мажоретките во придружба на оркестар ги даруваат пристуните гости со цвеќе Мимоза. Потоа продолжуваме према Џеновиќи – платото каде ќе настапува Калиопи. Во вечерните часови враќање во Хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН: 15.02.2026
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање према Македонија. Попатно посета на градот Бар. Патување преку Албанија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 129 ЕУ
За еднокреветна соба доплата + 50 еу
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
Важно