Б А Н С К О
(хотел “Пирин Голф&Спа”5*)
07/03-09/03
3 Дена/2 Ноќевања
07 март (петок) СТРУГА/ОХРИД/БИТОЛА/ПРИЛЕП-БАНСКО
Состанок на групата во 03.30 часот пред бензиска пумпа Лул Оил . Патот води преку Битола,Прилеп кон Банско со попатни застанувања поради одмор и царински формалности. Попатна посета на музејот Баба Ванѓа и Рупите и посета на градот Сандански. Сандански или Св.Врач е град во југозападниот дел на Бугарија. Градот се наоѓа во долината на реката Струма и е познат по своите топли гео-термални извори. Време за прошетка и шопинг. Продолжуваме кон хотел Пирин Голф Спа 5 *. Сместување. Можност за релаксација во најголемиот Спа центар во Банско и пошироко, бесплатно користење на внатрешен базен, користење на надворешните базени, сауни, парни бањи, фитнес, лакониум, соба за релакс … расположен на 5500 квадратни метри.
Вечера.Ноќевање.
08 март (сабота) БАНСКО
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ улиците на атрактивното скијачко место Банско – со специфична традицонална архитектура и многу меани и дуќани за сувенири. Слободно време за одмор, користење на СПА центарот, индивидуални активности. Вечерта организирана вечера со музика. Ноќевање.
09 март (недела) БАНСКО -ПРИЛЕП,БИТОЛА/ОХРИД/СТРУГА
Појадок. Слободно време за шопинг и прошетка во Разлог и попатна посета на Метро во Благоевград. Во попладневните часови поаѓање кон Mакедонија,. Во Охрид сe пристигнува вo вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 9940 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Калкулацијата е правена на база 40 патници.