РИЛСКИ МАНАСТИР – БЛАГОЕВГРАД

Category:
  • РИЛСКИ

Description

ТЕРМИН: 18.10.2026 – НЕДЕЛА

Itinerary

Планирано поаѓање во 04:30 часот од Битола.

Пристигнување во РИЛСКИ МАНАСТИР во утринските часови. Следува разглед на манастирот. Манастирот се наоѓа во западниот дел на планината Рила на 1150 метри надморска височина, во близина на селото Пастра (13 км). Манастирот е оддалечен 47 км од Дупница, 84 км од Ќустендил и 111 км од Софија. Рилскиот манастир, или подобро познат, Трезорот на Бугарија, благословен и расцутен цвета во пазувите на планината Рила, каде што реките Друшилвица и Рилска се богато внесени. Рилски манастир е најголемиот и најстар православен манастир на Балканот. Се смета дека креаторот на Рилски манастир е првиот бугарски монах-пустиник Јован Рилски.Овој манастир има примено бројни признанија за неговиот развој и културна и уметничка вредност. Од 1961 година Рилски манастир е претворен во Национален музеј, а УНЕСКО прогласува целиот комплекс за споменик на културата со светско значење. Уништен од пожар на почетокот на 19 век, комплексот бил повторно изграден помеѓу 1834 и 1862 година.

 

По разгледот на манастирот се упатуваме према Благоевград.  Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот, ручек, кафе…Потоа се упатуваме према МЕТРО шопинг центар.

 

Во договорено време со водичот се собира групата и поаѓаме према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 1600 денари

Во цената се вклучени превоз и сите наведени разгледи.

Во цената не е вклучено: патничко осигурување

НАПОМЕНА!!

  • За реализација на аранжманот со автобуски превоз се потребни минимум 40 патници, за реализацијали со минибус/комбе.минимум 16 патници. 
  • При отказ на аранжман ден пред поаѓање или на ден поаѓање – нема поврат на средства. Патникот за евентуален отказ е должен да ја извести агенцијата минимум два дена претходно.
  • Крајниот рок за известување за евентуален отказ од страна на агенцијата е два дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку процени дека е неопходно.
  • Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.
  • Паузите и застанувањето на freeshop (на граница) ги организира организаторот во зависност од условите во сообраќајот.