Интерхотел 4* Сандански

Category:
  • Sandanski_15
  • Sandanski_1
  • Sandanski_3
  • Sandanski_6
  • Sandanski_12

Description

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.  Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

Itinerary

БИТОЛА-САНДАНСКИ
07 Март 2025. Поаѓање во 06.00 часот од Битола за Сандански преку Струмица и Петрич (попатни одмори, царински формалности). Пристигнување во Сандански. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.
САНДАНСКИ
08 Март 2025. Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Можност за организирана факултативна вечера. Ноќевање.
САНДАНСКИ-БИТОЛА
09 Март 2025. Појадок. Напуштање на хотелот до 12.00 ч. (локално време). Во 12.30 часот (локално време), поѓање кон месноста Рупите (храмот – света Петка и гробот на најпознатата пророчица –
Баба Ванѓа каде е и погребана). По посетата поаѓање за Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во Битола во вечерните часови.

Тип на соба 2 ноќевања со појадок
1 DBL – лукс 175 €
2 DBL – супериор (студио) 200 €

                             

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • Цените се за 1 лице за 2 ноќевања со појадок, со превоз
  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
  • Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
  • Безжичен интернет во целиот хотел
  • Паркинг
  • Детско катче со аниматор
  • Туристичка такса
  • Попатна посета на гробот на Баба Ванѓа
  • Придружник и организација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Доплата за организирана вечера 18€
  • Патничко здравствено осигурување

Напомена!
Хотелот не прима домашни миленици