Дубаи Нова Година

Category:
  • dubai-new-year

Description

27. декември 2024. – 1. јануари 2025
6 дена – 5 ноќи
Дочекајте ја 2025 во Дубаи!!! Дубаи не е како ниту еден друг град на планетата. Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи не само што ја исполнува својата репутација туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања. Истражете го сјајот и гламурот, а потоа откријте ги древните традиции на овој прекрасен град. Некогаш мало рибарско село во Арапскиот Залив, Дубаи денес е еден од најкосмополитските градови во светот. Еден од седумте емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, градот е дом на повеќе од 200 националности и нуди незаборавно искуство за сите посетители. Без разлика дали е покрај брегот на Dubai Creek или на врвот на Burj Kalifa, највисоката зграда во светот, Дубаи живее и дише чувство на можности и иновација. И со неспоредливото крајбрежје, прекрасната пустина и прекрасните градски пејзажи, ова е вистинско место за создавање на спомени. Од луксузно гостопримство и врвна архитектура до шопинг, култура и природа, откријте што го прави Дубаи најдобар меѓу најдобрите.

Itinerary

План и програма
Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Попладневен лет од Тирана и пристигнување во Абу Даби во вечерните часови. Трансфер до сместувањето во Дубаи. Авантурата може да започне!

Превоз
Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана – Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи

Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel (1 ноќ)
Место
Скопје, Тирана, Абу Даби, Дубаи

Факултативни излети
Dubai Highlights

Ден 2: Факултативен излет – Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера

Претпладневните часови ни се слободни за уживање на плажа или за прошетка. Нашата авантура ја започнуваме во пустината на Дубаи!!! Во попладненвите часови се качуваме во џипови 4×4 и тргнуваме накај пустината. За време на возбудливото возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација каде го гледаме прекрасното зајдисонце над пустинските дини. Застануваме, правиме незаборавни фотографии со зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот бедуински камп сред пустината. Овде имате можност да јавате камила или да го испробате традиционалниот дизајн на Хена на вашите раце. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина. Враќање во сместувањето во вечерните часови. Слободно време за посетување на некој кул руфтоп бар или вечерна прошетка низ Дубаи.
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel (1 ноќ)
Место
Дубаи
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера

Ден 3: Факултативен излет – Old Dubai и Sunset Yacht Cruise
Денот го започнуваме со истражување на локалната култура воAl Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Правиме кратко
интермецо во најстарата чајџилница во Дубаи — Arabian Tea House. Полниме батерии со традиционални арапски закуски, а сите љубители на чај нема да сакаат да си отидат пред да ја испијат последната капка!! Продолжуваме со прошетка низ Al Fahidi, друга област со културно наследство каде голем дел од оригиналната инфраструктура е зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи. Од тука со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk). Нашите сетила се обземени со мирисите на шарените зачини, традиционални арапски парфеми и билки. Исто така застануваме да го видиме Zabeel Palace, резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи. Продолжуваме кон плажатаBarasti, една од нашите омилени плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, коктели, плажирање и уживање во зајдисонцето. Пред зајдисонце се упатуваме кон Дубаи Марина, каде не чекаат нашата Јахта и капетан. Пловиме на зајдисонце по Дубаи и се запознаваме со овој град од една сосема поразлична перспектива. Враќање во сместувањето и можност за прошетка низ Dubai Marina и JBR.
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel (1 ноќ)
Место
Дубаи
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Old Dubai и Barasti Beach
Sunset Yacht Cruise

Ден 4: Факултативен излет – Miracle Gardens, Emirates Mall и Madinat Jumeirah
По појадокот одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува воDubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни
експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина :). Потоа продолжуваме кон Emirates Mall каде што ќе ги видиме прочуените скијачки терени на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. А доколку сакате уникатно искуство ви препорачуваме да влезете во Dreamscape, Virtual Reality (VR) искуство кое ќе ве воодушеви! Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А на оваа локација се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — бродското едро Burj Al Arab. Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, овој ден ја посетуваме плажата La Mer. Се враќаме во сместувањето околу 19:00 часот. Слободно време и можност за посета на Global Village. Global Village не запознава со културата на околу 90 држави. Исто така имаме и прилика да пробаме традиционална храна, или пак да видиме некој традиционален танц и перформанс. А секој вторник и четврток нашата вечер завршува со фасцинантен огномент!!
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel (1 ноќ)
Место
Дубаи
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah и La Mer.

Ден 5: Факултативен излет – Dubai Highlights и Нова година!
По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа. Во попладневните часови ја започнуваме нашата авантура во модерниот Дубаи соDubai Frame,
најголемата рамка на #целсвет која претставува метафоричен портал помеѓу старото и новото!! Потоа застануваме да го видиме Museum of Future. Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Музејот не носи 49 години во иднината, каде технологијата и човештвото коегзистираат во хармонија. Продолжуваме со Dubai Mall еден од најголемите шопинг центари во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри – површина еквивалентна на 200 стадиони. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Продолжуваме кон Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Враќање во нашето сместување, ја дочекуваме Новата 2025 на едно од најдобрите места на #целсвет! Го гледаме огнометот од нашиот руфтоп и уживаме!! СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel (1 ноќ)
Место
Дубаи
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Dubai Highlights
Ден 6: Враќање и крај на патувањето
По појадокот се одјавуваме од хотелот. Лет од Абу Даби до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром. Крај на патувањето.
Превоз
Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје
Место
Дубаи, Абу Даби, Тирана, Скопје
Храна
Континентален појадок × 1

Цени и услови

Што е вклучено
Регуларна цена
1.599 еу
END OF YEAR SALE!
Попустот важи само за следните 2 пријави!
1.249 еу

 

Не е вклучено
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Дубаи 95 ЕУР
Доплата за дополнителен багаж (10 kg. или 20 kg.)
Туристичка такса која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.
Задолжителна новогодишна гала вечера во хотел која изнесува 70€ од човек
Факултативни излети
Dubai Highlights
*****ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ САМО ЗА ПРВИТЕ 6 ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ!!!*****
Dubai Mall – најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен
избор на храна и пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
Burj Khalifa – е највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин — цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот.
*Во излетот не е вклучена влезница за качување на 124ти и 125ти кат на Burj Khalifa, која чини 47€ по-човек (влезницата треба да се обезбеди однапред — при
пријава или доплата на целосниот аранжман)
Souk Al Bahar – е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење.
Со поглед на танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.
Palace Downtown – Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува
уникатен спој на минатото и сегашноста на Дубаи.
Wings of Mexico – скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
Burj Park – е совршено место за одмор во центарот на Дубаи, парк сместен на мало островче покрај езерото Burj. Паркот нуди неспоредлив поглед на Burj
Khalifa и волшебната танцувачка фонтана во Дубаи.
Dandelion light sculpture – Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот. Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња
идеално поставени покрај патот до операта во Дубаи.
Dubai Opera – Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на
наследството на Дубаи — како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот
белег на растот, гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
Dubai Fountain – Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот перформанс со вода, музика и светлина.
Dubai Frame – Посета на Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот! Правиме фотографии за паметење 🙂 !
Museum of Future – Photostop пред Museum of Future! Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од
National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Фасцинатна футуристичка глетка! Добредојдовте во иднината!
Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.
Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера
Цена: 60 еу
Излетот започнува попладне низ пустината на Дубаи со неколку постојки за фотографирање. За време на возбудливо возење низ пустинските дини, пристигнуваме на
првата дестинација да гледаме прекрасно зајдисонце. Застануваме да го гледаме зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до
нашиот камп. Овде имате можност да јавате камила и да го испробате дизајнот на Хена на рака или на нозе. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина.
Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз со џип 4×4 по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, вечера и сите активности предвидени во програмата.
Old Dubai и Barasti Beach
Цена: 55 еу
Се враќаме во минатото кога гламурозниот град на денешницата бил едно обично рибарско село со бедуински шатори.
Во оваа тура ги посетуваме:
Al Seef – Ја истражуваме локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Кратка прошетка и можност за закуска во Arabian Tea House.

Al Fahidi – Област со културно наследство со голем дел од оригиналната инфраструктура зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на
Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи!
Grand Souk – Со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна наDubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за
злато (Spice Souk и Gold Souk).
Arabian Tea House – Најстарата чајџилница во Дубаи — нашата оаза во пустинскиот град. Пробуваме традиционални арапски закуски, а вистинските љубители на чај нема да сакаат да си отидат пред да ја испијат последната капка!
Zabeel Palace – Резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи Barasti Beach – Посета и уживање на една од најпопуларните плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, плажирање и уживање во зајдисонцето!
Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.
Sunset Yacht Cruise
Цена: 80 еу
Доживејте го сјајот и гламурот на Дубаи на вистинскиот начин.Се упатуваме кон познатата Dubai Marina, каде нѐ чекаат нашата јахта и капетан. Пловиме со јахта со нашата омилена пијачка во рака додека не милувааат зраците на зајдисонцето. Како што денот згаснува така светлата на блескавите облакодери се палат едно по едно. Со ниедна слика не може да се долови убавината и енергијата на Дубаи од оваа перспектива. Повторно се заљубуваме во магичниот град на иднината. По марината поминуваме покрај познатото панорамско тркало — Ain Dubai, палмата Jumeirah, хотелот Atlantis The Palm, и познатото бродско едро — Burj Al Arab. Нашиот совршен ден го завршуваме со прошетка низ Дубаи Марина. Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah и La Mer.
Цена: 70 еу
Одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува воDubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Потоа одиме во Emirates Mall каде што ќе видиме скијачки патеки на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. Продожуваме конMadinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. Во Madinat Jumeirah се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи Burj Al Arab — хотелот изграден во форма на бродско едро! Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, а овој ден ја посетуваме една од нашите омилени плажи во Дубаи — La Mer!!
Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата и влезница за Dubai Miracle Garden.

Сместување
Al Khoory Courtyard
Hotel
****
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа.
Al Khoory Courtyard Hotel се наоѓа во Al Qouz областа во Дубаи. Област позната по живописни уметнички и културни центри, уметнички галерии, безброј ресторани и хипстерски кафулиња. А доколку сте фанови на уметност во слободно време дефинитивно прошетајте по една од најпознатите авении во Дубаи — Alserkal, која е домот на 13 меѓународни уметнички галерии и безброј уникатни кафулиња!
Хотелот располага со руфтоп infinity базен и тераса со панорамски поглед на Дубаи, два ресторани, комплетно опремен фитнес центар, велнес и спа центри идеални за вашата релаксација.
Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Дополнително сите соби имаат и мини-бар, електричен kettle и сеф. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Сајт
https://alkhooryhotels.com/courtyard/
Адреса
Al Waha St – Al Quoz – Al Quoz 3 – Dubai – United Arab Emirates

Напомени:
Општи напомени:

При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот
програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на
места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со
претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од
локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го
прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања. Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на
аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио
компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички
возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност
за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред с треба да
биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните
часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои
содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на
сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент.
Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во
самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на
сместувањето, без право на жалба.

Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со
некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот.
Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на
патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други
објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Агенцијата не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните
водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во
име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се
сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза

Цена: Original price was: 1.599,00 €.Current price is: 1.249,00 €.