ЛУТРАКИ И ВОДЕН

Category:
  • лутраки
  • лутраки
  • лутраки1
  • воден
  • loutra-pozar-i-love-pozar-feature
  • loutra-pozer-img1-1024×768
  • POZAR

Description

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи. Топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања.

Големиот базен зафаќа површина од 25м ширина и 50м должина, а помалите се длабоки само 1м и долги околу 10м, широки 30м и е совршен за сите возрасни групи.

Посетете го ова живописно место кое изобилува со прекрасна природа и многубројни природни водопади кои ќе го направат вашиот престој незаборавен! Уживајте во бањите со термална вода со кои изобилува Лутраки – вистински бисер на природата!

 

 

 

Itinerary

Планирано поаѓање во 06:00  часот од пред спортска сала Битола преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во Лутраки. Селото е  сместено на јужната страна на планината Кајмакчалан. Прекрасен предел низ кој тече реката Топлица од која произлегуваат надалеку познатите термални извори каде се наоѓаат прекрасни бањи кои располагаат со два мали и еден голем базен каде температурата на водата е константна и преку целата година изнесува 37, 38 степени. Слободно време за користење на бањите околу 3 часа и 30 минути. Собир на групата во договорено време со водичот и се упатуваме према во селото Лутраки и ручек по избор – индивидуално во таверна или на гиро. По ручекот поаѓање за Битола со попатна посета на градот Воден и водопадите. Враќањето е преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 900 мкд

Во цената е вклучено:
Превоз на наведената релација
Туристички пратител

Во цената не е вклучено:
Влезница во базените – 3 еу во малите и 5 еу во голем базен

 НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на аранжманот со автобуски превоз се потребни минимум 40 патници, за реализацијали со минибус/комбе.минимум 16 патници. 
  • При отказ на аранжман ден пред поаѓање или на ден поаѓање – нема поврат на средства. Патникот за евентуален отказ е должен да ја извести агенцијата минимум два дена претходно. 
  • Крајниот рок за известување за евентуален отказ од страна на агенцијата е два дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку процени дека е неопходно.
  • Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување. 
  • Паузите и застанувањето на freeshop (на граница) ги организира организаторот во зависност од условите во сообраќајот.